Audi Virtual Mirror е еден од најновите проекти на кои работи оваа компанија преку кој ја донесува денешната технологија во автомобилите. Се работи за замена на веќе старите и стандардни ретровизори од страните на автомобилот, со таканаречени виртуелни.

Виртуелниот ретровизор од Audi моментално е прикажан на прототип од e-tron автомобилот. Функционира на тој начин што наместо ретровизори, на автомобилот се поставени две камери, по една на двете страни, а сликата од камерите се пренесува на два 7 инчни OLED екрани поставени на вратата, поточно над рачката за отворање на истата.

Не сум сигурен каков поглед овозможуваат овие виртуелни ретровизори, со оглед на нивната поставеност која е сепак нешто пониска од стандардните ретровизори.

Што се однесува до остатокот на нивното функционирање, тие сепак овозможуваат предност во споредба со стандардните ретровизори. Возачот може да ја менува сликата на камерата и да ја прилагоди според неговите потреби, односно затоа што се работи за камери, сликата може да биде зумирана.

Виртуелните ретровизори овозможуваат прилагодување за повеќе режими на работа, па така може да се постави различен поглед за возење на автопат, за вртење, како и за паркирање на возилото.

Моментално ова е само концепт којшто не е истакнато кога би можел да се најде кај комерцијалните автомобили, меѓутоа сигурни сме дека тоа ќе се случи во годините што идат.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаSamsung ја отвори најголемата фабрика за мобилни телефони во светот во индискиот град Ноида
Следна статијаГи „претресуваме“ сите теми важни за индрустријата – На Weekend дознајте дали можете да му верувате на својот мобилен и дали претседателите ги слушаат своите комуникациски советници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.