VLC
Media: VideoLAN

VideoLAN, компанијата креатор на апликацијата за репродукција на аудио и видео содржини, популарниот VLC Media Player, планира да се поднови со ново софтверско дополнување. Имено, наскоро ќе биде претставена 3.0 верзија од популарниот VLC.

VLC
Media: VideoLAN

Новата верзија е веќе прикачена на FTP серверот. Во игра беа 9 верзии на софтвер кој беше користен за детекција на проблеми кои би можеле да прозилезат при користење. Овие верзии учествуваа во градењето на последната официјална верзија која ќе се појави под името 3.0.

Новините кои ќе ги донесе ова продолжение се главно софтверски и поврзани со „моторот“ на самата апликација. Тука примарно се мисли на решавање на проблемите околу компатибилноста на содржините и поквалитетна репродукција.

Десктоп корисниците можат да ја унапредат речиси било која постоечка верзија од  VLC, при што ќе се задржат сите претходни подесувања кои корисникот ги користел.

Што се однесува до интерфејсот тој е практично идентичен. Иако, од компанијата велат дека се работи за верзија од која се очекува да остане во служба подолг временски период.

Целиот список со подобрените елементи можете да го најдет на официјалната страна на VideoLAN. Или пак истите ќе ви бидат предочени доколку го користите VLC и се решите да го направите овој update.

ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаСтудија покажа дека зрачењето од 2G и 3G мрежите не предизвикува штетни влијанија
Следна статијаНе стивнуваат маките на Фејсбук