Првите Insider верзии од Microsoft Edge направен на основа на Chromium отворениот код се очекуваат некаде во првата половина на оваа година, иако нема точна најава за кој месец точно да се очекува.

Според неколку новости кои можевме да ги прочитаме овие недели, изгледа дека сепак таа дата се ближи, па по првите неофицијални слики од прелистувачот, сега ја имаме продавницата за додатоци објавена од страна на Microsoft.

Продавницата за додатоци, која очекуваме дека и во иднина ќе остане посебна од Chrome Web Store, е достапна моментално на овој линк, па можете да видите што може да се очекува.

Сепак, моменталната состојба на продавницата, која брои околу 80 додатоци, не е показател за тоа што може да се очекува. Ова се првите додатоци, а до пуштањето и на првата тест верзија, верувам дека бројката ќе ја помине и границата од 100 додатоци.

Инаку, Edge овој пат ќе може да се очекува дека ќе ги има повеќето додатоци кои им се достапни на Chrome корисниците, иако уште не знаеме дали Microsoft ќе овозможи директна инсталација од Chrome Web Store.

Сепак, со оглед на тоа што програмерите нема да треба да програмираат посебни додатоци од тие што веќе ги имаат за Chrome, може да се очекува добар избор кај прелистувачот на Microsoft.

Од компанијата уште немаат излезено со официјално објаснување за тоа на кој начин ќе се „постават“ према додатоците, но поради задржување на брендот посебно од Chrome, сигурно ќе биде избран некој начин со посебна продавница за инсталација на додатоците. Додатоците исто така можеби ќе бидат достапни и преку Microsoft Store на Windows 10, каде што се сега достапни додатоците за моменталната верзија од Edge.

Новиот Microsoft Edge ќе биде достапен на повеќе оперативни системи, а не само на Windows 10, меѓу кои и на macOS. Неговата надградба, за разлика од сега, ќе биде независна од оперативниот систем, односно ќе се надградува како и секоја друга „обична“ апликација.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаSamsung работи на екран без дупка за камерата
Следна статијаTelegram наводно доби 3 милиони нови корисници за време на прекинот на Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.