Не ви се допаѓаат исечоците кои станаа тренд кај смартфоните, а ниту малата дупка во екранот како во случајот со Galaxy S10? Во иднина екраните ќе ја покриваат целосно предната страна од уредите, а нема да имаат ниту исечоци, ниту дупки.

Од Samsung работат на наредната генерација на екрани кои ќе го овозможат ова, па на пазарот ќе видиме уреди со „перфектен цел екран“ на предната страна.

Јанг Бјунг-дук, потпретседател во Samsung во секторот за истражување и развој, за Yonhap News Agency информира дека од компанијата веќе работат на оваа технологија за екрани и дека може да се очекува во идните модели.

„Иако не би било возможно да се направи во наредните 1-2 години, технологијата може да оди напред до точка каде дупката за камерата ќе биде невидлива и нема да влијае на функционирањето на камерата на било каков начин.“ – истакнува Јанг.

Тој исто така најавува дека под екранот би биле поставени и сензорите, а се работи и на веќе најавената функција за пренос на звукот од екранот, наместо од посебно вградени звучници.

ИЗВОРYonhap News Agency
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаFacebook ја објави причината за досега најголемиот прекин на нивните сервиси
Следна статијаMicrosoft ја пушти посебната продавница за додатоци кои ќе работат со новиот Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.