logo-foundry-logo

Logo Foundry е апликација достапна на Android и iOS и е наменета за како што кажуваат нејзините програмери, креирање на професионални логоа. Тоа ќе го ставиме под знак прашалник, но оваа апликација дефинитивно може да се најде како одлична алатка за стартап кој се’ уште не може да плати за дизајнирање на професионално лого.

Како што би очекувале, користењето на апликацијата не бара поседување на големи дизајнерски способности, односно функционира на основа на готови темплејти, фонтови, ефекти и слично.

Апликацијата вклучува повеќе од 3.000 симболи, икони, форми организирани во категории. Исто така, достапни се и повеќе можност за прилагодување на текстот, слоеви и повеќе.

logo-foundry-screens

Логото се креира преку комбинација од сите овие достапни елементи, по што може да се направи експорт во повеќе формати.

Logo Foundry е достапна на соодветните продавници за апликации, а можете да ја симнете и преку следните линкови:

Симни ја Logo Foundry од Play Store

Симни ја Logo Foundry од AppStore

Извор: Logo Foundry