Конечно дојде и денот кога Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан на кој ќе ги претстави своите најнови уреди од највисоката класа, Galaxy S20. На овој настан се очекува дека од компанијата ќе го претстават и својот втор уред со екран кој се превиткува, овој пат на хоризонталната линија.

Овој телефон се очекува дека ќе биде наречен Galaxy Z Flip, а Samsung го потврди неговото постоење и претставување со реклама која се емитуваше за време на вчерашните Оскари. Името на уредот останува нешто што ќе биде откриено на официјалниот настан, а со видео рекламата добиваме подобар поглед за тоа како ќе изгледа овој уред, како и уште по некоја новина.

На видеото може да се види како Samsung замислува дополнително да ја искористи можноста за превиткување на екранот, па корисниците ќе можат да го преклопат уредот до половина, со што се добива подобар формат за користење при видео повици или користење на камерата, на пример.

Исто така, од видеото може да се види дека малиот екран на задната страна, кој е тука за кога уредот е преклопен, ќе ги прикажува и известувањата, како на пример повикот којшто се добива и ќе може да се одговори на тој повик.

Уредот ќе биде претставен утре, а настанот како и секогаш, ќе може да се гледа во живо, со сите потребни линкови достапни на главната страна на компанијата, односно на https://www.samsung.com.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија10 стрипови кои би биле забавни ТВ серии (дел 1)
Следна статијаНеофицијално видео од Surface Duo како некој го користи додека се вози во јавен превоз
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.