Surface Duo е уредот кој Microsoft го најави минатата година и ги изненади сите со тоа што се работи за мобилен телефон. Тоа значи дека на некој начин Microsoft се враќа на пазарот на мобилни, овој пат со телефон кој ќе работи на Android.

Сепак, како што можевме да видиме, не се работи за обичен Android телефон. Покрај тоа што Surface Duo ќе работи на целосно изменета верзија од Android која е направена на основа на Microsoft Launcher, овој уред ќе има двоен екран.

Овој двоен екран му овозможува на уредот уникатни функции, како користење на две апликации во исто време или користење на истата апликација во два дела на двата екрани. Можностите ќе бидат повеќе, а Microsoft планира да постави стандарди и за веб страните, покрај за апликациите, а програмерите веќе може да почнат да ги прилагодуваат своите апликации со тест верзијата од алатката за развој на софтверот.

Со оглед на тоа што овој уред ќе биде претставен цела година подоцна од неговата најава, односно до крајот на оваа година, тоа што Microsoft го презентира е само мал дел од тоа што ќе можеме да го видиме во официјалниот уред во продажба.

Исто така мал, но дополнителен дел од тоа како овој уред ќе функционира сега можеме да видиме од неофицијално видео, снимено во автобус или метро, а корисникот си го користи покажувајќи одредени функции.

Видеото е во продолжение, па кажете што мислите, односно дали би сакале да имате еден ваков уред, во споредба со тие што сега излегуваат, а и во споредба со уредите со екран кој се превиткува.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung пушти реклама за Galaxy Z Flip за време на доделувањето на Оскарите
Следна статијаЉубов во време на смартфони: Како влијае технологијата на вашата врска?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.