Наредната генерација од паметните часовници на Samsung беше најавено дека веќе нема да работат на Tizen OS од компанијата. Новата соработка со Google беше најавена минатиот месец која донесува заеднички развој на Wear OS системот кој е направен на основа на Android.

На MWC 2021 настанот Samsung го претстави резултатот од оваа најавена соработка, барем тој кој ќе го видиме кај часовниците од компанијата и тој е во форма на One UI Watch. Ова е името на новиот оперативен систем на кој ќе работат новите часовници од Samsung кои се очекува да бидат претставени оваа година.

One UI Watch е направен во соработка со Google, што значи дека сега основата на овој систем е Android, па корисниците можат да ги очекуваат апликациите од оваа компанија на своите часовници, како и дополнителни апликации кои се достапни преку Play Store.

Ова е една од главните придобивки на новата соработка, а од Samsung истакнаа уште две кои ќе го подобра корисничкото искуство.

One UI Watch платформата ќе дојде со поголема поврзаност со мобилниот телефон. Пример за оваа најава е автоматското инсталирање на апликации на часовникот секогаш кога корисникот инсталира некоја апликација на својот мобилен телефон, а за истата има и верзија за часовниците.

Поврзаноста нема да биде видлива само кај апликациите, па така Samsung дава пример и со синхронизација на прилагодувањата за временски зони на часовникот, блокираните телефонски броеви и слично.

Оваа новина се очекува да ја искористат и програмерите кај своите апликации во верзиите кои ќе ги развиваат во иднина.

Samsung исто така најави дека алатката за креирање на „лица“ за часовникот е доста подобрена и програмерите ќе можат полесно да креираат подобри лица за корисниците.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаDeep dive into Data Science – Доделување на стипендија и полустипендија
Следна статијаАпликацијата Angry Birds 2 сега е достапна во AppGallery
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.