Дали веќе испланиравте повеќе патувања, одмори на списокот со новогодишни желби во 2022 година? Без разлика во која сезона, “бегството„  од градот е секогаш добра идеја. Покрај пакувањето облека и стандардната опрема за вашето „патување“, не заборавајте да го спакувате и најновото достигнување на Samsung – The Freestyle, пренослив проектор за емитување содржини во движење.

The Freestyle е првата таква форма на пренослив проектор во светот што носи супериорно искуство за гледање омилена содржина и забава за корисниците кои сакаат да прикажуваат видео и аудио содржина без разлика каде се наоѓаат. А зошто ќе биде идеален придружник во сите ваши авантури, погледнете во продолжение.

Се вклопува во мала торба

Кога прочитавте проектор, дали помисливте на огромните уреди во конференциските сали за кои обично е потребен посебен екран? Сигурно не би можеле да ги спакувате во најголемиот куфер. Напротив, The Freestyle можете да го спакувате во помала торба бидејќи е лесно пренослив уред кој тежи само 830 грама. За разлика од конвенционалните проектори, неговиот држач овозможува ротација до 180 степени, обезбедувајќи им на корисниците прикажување на висококвалитетни видео содржини насекаде – на маси, подови, на ѕид,  дури и на таван. Затоа, ниту платно не е потребно. Дали сега ви е поблиску сликата од киното под ѕвездите, додека гледате филм на ѕидот од викендицата?

Загарантирана забава со  Freestyle проекторот

Покрај тоа што ќе уживате во гледање филмови и серии додека се одморате од пешачењето, можете да го користите и проекторот The Freestyle за да ги прегледате сите видеа и фотографии што сте ги направиле тој ден. Квалитетот на репродукцијата е загарантиран со помош на врвни карактеристики како што се автоматско изедначување (auto-keystone) и израмнување (auto-level) што ги поттикнуваат водечките технологии во индустријата. Овие карактеристики му овозможуваат на уредот автоматски да го приспособува својот екран на која било површина, под кој било агол за совршено пропорционален приказ. Функцијата за автоматско фокусирање (auto-focus)  обезбедува кристално чист приказ на сите површини и под сите агли со големина до 100 инчи. Кога се користи како проектор за прикажување содржина, The Freestyle може да се користи за создавање светлосни ефекти благодарение на амбиенталниот режим, како и на проѕирниот капак на објективот. Затоа, вашата содржина ќе се прикажува во секое време, насекаде со одличен квалитет на сликата.

Пушти глас до крај и уживај!

Покрај прикажувањето на квалитетна слика, Freestyle може да се користи и како еден вид паметен звучник кој ја анализира музиката и создава визуелни ефекти кои се проектираат според резултатите. Овој проектор обезбедува јасен и подлабок бас без изобличување, како и ширење на звукот од 360 степени за висококвалитетно звучно искуство. Идеално решение, ако целиот тим тргне во авантура. Вклучете ги вашите омилени видеа од YouTube, кои секој ќе може лесно да ги гледа на површината што ќе ја одберете и направете забава. Без добра забава, дружењето не е целосно! Најважно, нема да морате да се грижите дали имате штекер во близина, бидејќи Freestyle е компатибилен со надворешни батерии што поддржуваат USB-PD и излез од 50W / 20V или повисоко. Затоа можете буквално да го користите во движење. Ова е првиот пренослив екран во светот кој може да се поврзе со приклучок за светло без потреба од дополнителни кабли, покрај традиционалното поврзување со ѕиден штекер.

За повеќе информации посетете го news.samsung.com/global/ces-2022, како и  www.samsung.com.

Претходна статијаДел од Falcon 9 ракета на SpaceX лансирана пред седум години е на пат да удри во Месечината
Следна статијаОценете го квалитетот на македонските е-продавници преку платформата Натапет.мк