Фото: Shutterstock.com

Пред седум години, при лансирање на климатска опсерваторија, вториот дел од Falcon 9 ракетата од SpaceX продолжува да кружи во нестандардна орбита околу Земјата и Месечината. Според пресметките, ракетата ќе се удри во Месечината, најверојатно на 4ти март оваа година.

До ова доаѓа поради тоа што ракетата, по оставање на товарот, немала доволно гориво за да се врати назад во атмосферата на Земјата, ниту да „избега“ од гравитацијата на Земјата и Месечината. Поради тоа ракетата продолжува да орбитира во, како што ја нарекуваат, хаотична орбита уште од 2015 година.

Иако не може уште точно да се пресмета каде ќе удри ракетата, односно во кој дел од Месечината, се верува дека тоа ќе се случи во делот кој не се гледа од Земјата. Ова се смета за прв објект кој вака случајно ќе заврши на Месечината.

Научниците кои ја проучуваат Месечината се заинтересирани за овој случај и тие ќе имаат што да научат, односно ќе има одредени корисни информации кои ќе може да се соберат од ударот на површината од Месечината.

Причината за интересот е што ударот ќе направи одреден кратер на Месечината, а исто така ударот ќе предизвика исфрлање на материјал од површината кој ќе може да се проучува.

Делот од ракетата кој ќе удри во Месечината се движи со брзина од околу 2,58 километри во секунда, а тажи околу 4 тони.

ИЗВОРThe Guardian
ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаШифрираните разговори во Messenger сега вреди да се користат
Следна статијаОваа година проекторот e задолжителен „gadget“ кога одите на патување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.