rVGZFn9

Преку својот YouTube канал наменет за нивниот бизнис со мрежна опрема, Nokia најави претставување на „Најголемото нешто што некогаш ќе го видите“. Претставувањето на ова најголемо нешто ќе се случи на 21-ви февруари, односно во недела, за време на почетокот на Mobile World Congress 2016 настанот.

Една ваква најава од Nokia веднаш го носи паметот кон враќање во бизнисот со мобилни телефони и претставување на шпекулираниот Nokia C1 модел, меѓутоа најверојатно не се работи за нешто такво.

Она што може да се очекува во недела е претставување нешто од областа на мрежната технологија, како на пример 5G мрежна опрема или некоја друга технологија поврзана со мобилната комуникација.

Nokia изминатиот период исто така претстави и производ поврзан со снимањето на виртуелна реалност, па кога ќе се земе во предвид што работи оваа компанија, може да се замислат повеќе работи кои би можеле да бидат претставени, покрај мобилен телефон.

Инаку за потсетување, Nokia го продаде делот за мобилни телефони и уреди на Microsoft во 2014 година. Според договорот за купопродажба, Nokia нема да смее да произведува мобилни телефони до идната година, по што се најавува влегување во пазарот на Android телефони.

Извор: YouTube, Ubergizmo

Претходна статијаFacebook реклами ќе има и во Messenger?
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy S7 и S7 Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.