fb-messenger-icon

Од втората четвртина оваа година, односно од април, па натаму, Facebook ќе им овозможи на огласувачите да го користат и Messenger сервисот за промовирање на нивниот бизнис.

Информацијата доаѓа од порталот TechCrunch коишто тврдат дека имаат дојдено до документ кој Facebook го има испратено на некои од нивните најголеми огласувачи, најавувајќи ја новата можност.

Рекламите ќе бидат прикажувани во форма на порака, а огласувачите, односно сопствениците на Facebook страни, ќе можат да испратат ваква порака само на тие корисници коишто имаат започнато комуникација со нив. Facebook страните и сега можат само да одговорат на пораки, но не и да ги започнат со било кој корисник, без разлика дали е фан на нивната страна.

Според наводниот документ, од Facebook им препорачувале на огласувачите во периодот што следи да мотивираат што поголем број од своите фанови да им напишат порака за да потоа можат да им испраќаат реклами.

За таа цел направена е и посебна адреса со чие отворање директно се започнува комуникација со одредена Facebook страна (fb.com/msg/smartportal.mk).

Со други зборови, доколку до сега имате пишано порака на некоја Facebook фан страна или тоа го направите во иднина, од таа страна ќе можете да очекувате и по некоја реклама порака. Пораките ќе можат да бидат наменети за промоција на продажбата, нови производи, како и работи поврзани со претходно водените разговори.

Од Facebook не коментираат на оваа информација, односно не даваат некаков конкретен одговор. Се очекува дека доколку ова се покаже како точно, ќе има некаков механизам за заштита на корисниците од добивање на голем број на рекламни пораки.

Со оглед на тоа што се повеќе бизниси го користат Facebook за промовирање на нивниот бренд и производ, не е воопшто чудно да се замисли дека од социјалната мрежа ќе се обидат на огласувачите да им понудат дополнителни можности за промоција.

Извор: TechCrunch, The Verge, Engadget

Претходна статијаСедум причини поради кои не смеете да ја пропуштите серијата Милијарди
Следна статијаNokia ќе го претстави „Најголемото нешто што некогаш ќе го видите“ на MWC 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.