Microsoft

Како и повеќето компании во светот, Microsoft во март ги затвори своите продажни салони поради настанатата ситуација, односно пандемијата со COVID-19 болеста. Сепак, додека читаме како повеќето компании сега ги отвораат повторно своите продавници, од Microsoft донесоа одлука да нивните веќе не ги отворат.

Продажбата на нивните сервиси, кои во голем дел се и дигитални сервиси, ќе се одвива онлајн, како што и се правеше во изминатите месеци додека беа затворени продавниците. Вработените во продавниците нема да бидат отпуштени, а тие ќе продолжат да работат повторно со продажба распределени на други позиции во компанијата, меѓу кои и доста на онлајн продажба и поддршка.

Одлуката на Microsoft иако изненадува, сепак не е толку чудна. Главните производи на компанијата, Azure сервисот, Microsoft 365 во кој се вклучени Office апликациите, Windows 10 и други, се дигитални сервиси, за кои воопшто нема потреба од физички продавници.

Од друга страна, производите како Surface компјутерите, може да бидат достапни преку партнерските мрежи, па не верувам дека Microsoft нешто ќе изгуби од клиентите доколку тие прво не можат да ги видат овие производи во живо. Microsoft и така повеќе продава преку партнерските мрежи отколку преку своите продавници кои не се во огромен број.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаНајава за можни три посебни настани од страна на Samsung во периодот што следи
Следна статијаЗапочна тестирањето на Boeing 737 MAX за неговото повторно враќање во употреба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.