Boeing 737 MAX конечно ќе има шанса да повторно добие дозвола да лета доколку тест летовите кои се одржуваат оваа недела поминат како што треба. Дозволата нема да се издаде веднаш по летовите, но тие ќе бидат голем фактор во одлуката на FAA, односно Федералната Администрација за Авијација на САД.

Тест пилот од оваа институција, заедно со тест пилот од Boeing вчера започнаа со првиот тест лет во кој треба да ги проверат промените направени на авионот од страна на Boeing. Летот вклучувал маневри кои би требало да го предизвикаат системот MCAS кој беше причината зошто се случија двете незгоди при крајот на 2018, односно почетокот на 2019 година.

MCAS системот е поставен со цел да го насочува „носот“ на авионот надолу за да не дојде до губење на висината. До оваа можност може да дојде поради поставеноста на моторите кај 737 MAX, понапред од поставеноста кај 737 NG за кого се обучени пилотите. За да не се губи време во обука на пилотите, Boeing решава да направи софтверско решение кое треба да реагира во одредени ситуации, наместо пилотот, а тој да може слободно да лета со обуката за 737 NG.

Проблемот настана кога се дозна дека пилотите и не биле информирани за MCAS системот кој во двата случаи кога се случија незгодите добивал информации од расипан сензор. Системот упорно го насочувал авионот надолу поради погрешните информации, а пилотите не знаеле зошто се случува тоа за да можат да го исклучат системот.

Boeing се реши да направи вакво нешто за да може побрзо да го извади 737 MAX на пазарот и да му конкурира на веќе успешниот Airbus A320 NEO, кој дојде со нови мотори кои овозможуваат подобра ефикасност.

Во меѓувреме, Boeing го прекина производството на 737 MAX, го промени својот директор, а беа пронајдени и дополнителни проблем со софтверот кој се користи за контрола на авионот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаMicrosoft нема да ги отвори продажните салони кои беа затворени во март поради коронавирусот
Следна статијаMicrosoft ја претстави Windows File Recovery алатката за враќање на избришаните датотеки од дискот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.