CO360z4WcAA3nFd.png large

„Имаме возбудливи новости да споделиме за Windows 10 уреди“, гласи поканата која што Microsoft ја испрати до медиумите за настан кој што ќе се одржи на 6-ти октомври. Настанот ќе се одржи во Њујорк во 10 часот наутро, односно 16 часот по македонско време.

Се разбира, како што е обичајот, поканата не открива ништо повеќе за тоа што треба да биде претставено, па останува само да претпоставуваме и да носиме заклучоци од големиот број на неофицијални информации и шпекулации.

Главниот уред кој што се очекува да биде претставен на настанот е Surface Pro 4, но се очекува претставување и на новите Lumia 950 и 950 XL, како и нова генерација од фитнес алката, Microsoft Band 2.

Интересно е што само пред некој ден можевме да прочитаме дека Microsoft симболично настанот ќе го одржи на 10/10, односно на 10-ти октомври, меѓутоа сепак дури и шпекулациите не се секогаш точни.

Од новиот Surface Pro 4 не се очекуваат големи промени, односно промени во концептот кој што се покажа како успешен. Она што може да се очекува е еволуција на уредот, односно надградба на компонентите кои што треба да ги вклучуваат новите Skylake процесори од Intel, се говори и за 4K екран со мали рамки околу него, подобрување на тастатурата, а исто така се најавува и можност за поголем 14 инчен модел.

За новите Lumia модели повеќе пати пишувавме, а можеа да се видат и „рендери“ за тоа како ќе изгледаат истите, што некои корисници веќе ги прави разочарани. Microsoft вложува многу на овие модели, кои што ќе одлучат во кој правец ќе се движи Windows 10 за мобилните. Нивниот успех или неуспех, значително ќе покаже дали оваа платформа ќе може да продолжи како вистинска конкуренција на iOS и Android само како еден додаток од компанијата за своите деловни корисници.

Од Microsoft Band се очекуваат повеќе промени во дизајнот кој што не се покажа баш најдобро до сега. Се работи за одличен уред, меѓутоа уред кој што не понуди ништо ново или посебно од конкурентите.

Настанот ќе биде пренесуван во живо преку http://www.microsoft.com/october2015event страната, а се разбира сите важни случувања и информации ќе можете да ги добиете на Смартпортал.

Извор: ZDNet, The Verge

Претходна статијаDell XPS 12 – супер моќен Windows Таблет/Лаптоп со 4K екран
Следна статијаPlayStation VR е официјалното име на Project Morpheus
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.