swiftkey-microsoft

Microsoft и SwiftKey денеска објавија дека двете компании имаат постигнато договор со што SwiftKey станува дел од Microsoft. Информации за вредноста на договорот не е објавена, но се верува дека може да изнесува и до 250 милиони долари.

Со ова Microsoft продолжува да купува компании коишто стојат зад развојот на некои од најпознатите апликации и сервиси на Android и iOS. Изминатите година дена дел од компанијата станаа Acompli, една од најпознатите email апликации, како и Sunrise календар апликацијата и слично.

SwiftKey е една од најпознатите апликации коишто ја менуваат стандардната тастатура во оперативниот систем. Веќе одамна достапна на Android, од минатата година стана достапна и на iOS.

Покрај одличните можности за прилагодување на самата тастатура, SwiftKey сепак најмногу е позната по алгоритамот за предвидување на наредниот збор, којшто беше унапреден да користи неврална мрежа за уште подобро предвидување.

SwiftKey6-BlogFeatImage

Тимот од SwiftKey преминува во Microsoft каде што ќе продолжи да работи на развојот на својата технологија. Тоа значи дека апликациите достапни на Android и iOS ќе продолжат да бидат развивани, а технологијата ќе биде пренесена и на тастатурата во Windows.

Би било добро покрај технологијата за предвидување, во Windows да бидат пренесени и некои од можностите за прилагодување на тастатурата, како можноста за менување на нејзиниот изглед.

Купувањето на вакви компании е дел од новата политика на Microsoft. Тие сепак се софтверска компанија и би било логично некои од најдобрите решение на пазарот да доаѓаат од нив, па без разлика дали за тоа е потребно купување на некоја компанија.

Голема улога во оваа политика има и фактот што делот којшто се повеќе станува популарен кај корисниците, а тоа се мобилните уреди, Microsoft се’ уште на него не може да стане доволно сериозен фактор.

Извор: Microsoft, SwiftKey, The Verge

Претходна статијаAlphabet стана највредната компанија во светот – Го презема местото од Apple
Следна статијаОфицијално: Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S7 на 21-ви февруари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.