apple_TA-582x369

Најмоќниот лаптоп во понудата на Apple беше изоставен кога беа претставени новите модели од понудата, а пред се новиот MacBook. Сега, конечно е претставен и 15 инчниот модел, кој како и останатите модели ќе има Force Touch и прилично моќни компоненти.

Дисплејот и натаму ќе биде истиот со Retina резолуција од 2880х1800 пиксели и IPS технологија со особено внимание посветено на репродукцијата на природни бои. Почетниот процесор во понудата е Intel Broadwell Core i7 со четири јадра и брзина од 2,2 GHz и Intel Iris Pro графика, помогнат од дури 16 GB рам меморија и ултра брз, SSD диск со капацитет од 256 GB, базиран на новото PCI-e поврзување.

IMG_0349-970-80

Однадвор, новиот MacBook Pro воопшто не се разликува во однос на моделот од претходната година и едниствена промена е новиот Force Touch тачпад, кој имитира клик преку специјален систем за вибрации и притисок, а за која технологија веќе пишувавме претходно. Батеријата е иста како и кај претходникот и Apple најавува исто траење со едно полнење. Цената на новиот MacBook Pro почнува од 1999 долари во САД, што е мошне високо споредено со главните конкуренти.

Покрај новиот MacBook Pro, Apple претстави и поевтина верзија на „се во едно“ десктоп компјутерот iMac со 27 инчен 5K дисплеј со фантастична резолуција од 5120х2880 пиксели, кој доаѓа со Core i5 процесор со брзина од 3,3 GHz, 8 GB рам меморија и хард диск со капацитет од 1 TB. Цената на оваа изведба на iMac ќе биде 1999 долари во САД и со тоа ќе го исфрли моделот со 2K резолуција.

imac_IL-482x324

Извор: Wired, TechRadar, The Verge

Претходна статијаElectroloom – 3Д печатар на готова облека
Следна статијаМакедонско ИоТ решение интересно и за американскиот пазар