Screen-Shot-2015-04-09-at-13_38_50

Платформата за онлајн учење која ја употребуваат поголемиот дел од програмерите, фотографите, и графичките дизајнери кога учат одреден аспект од нивниот „занает“ само што стана сопственост на LinkedIn.

Имено, платформата основана од Lynda Weinman пред 20 години, стана дефиниција за извор на информации на самоуки луѓе. Јас лично, а и речиси сите фотографи и дизајнери што ги познавам, а и поголемиот дел од програмерите своите кариери ги основале врз знаењата стекнати преку овој сервис. Факт е дека Lynda.com не е единствениот сервис од ваков тип, и со оглед на тоа што има многу бесплатни туторијали и едукативни многу луѓе се одлучуваат на бесплатниот тип на едукација, но Lynda.com ги постави стандардите за таков тип на едукација.

Спојувањето со LinkedIn би требало да го подобри начинот и успехот за наоѓање на работа преку LinkedIn со тоа што ќе има поквалитетно прикажување на способностите користејќи ги алатките што ги нуди Lynda, изјавува Jeff Weiner.

Според изворите, продажбата е 52% кеш и 48% акции, и истата би требало да задржи повеќето од вработените кои ќе работат во LinkedIn од втората половина на 2015 кога двете комапнии ќе го финализираат договорот. Сумата која LinkedIn мораше да ја одвои од буџетот за да ја купи Lynda.com е „ситни“ 1.5 милијарди долари. Со оглед на тоа што вредноста  на доларот е доста висока во последниве неколку месеци тоа е доста голема сума.

Доколку сè ова функционира како што е објавено на хартија, продажбата би била навистина добра. Во сечиј интерес е подобрувањето на начинот на кој се доаѓа до работно место.

Извори: TheNextWeb, LinkedIn

Претходна статијаXiaomi тврди дека заработиле 335 милиони долари за 12 часа од продажба на телефони
Следна статијаAndroid Lollipop е активен на само 5,4% од уредите