Сеул, Кореа / Скопје, Македонија – 03 јули, 2019 година – Самсунг Галакси А80, чиј главен адут е првата ротирачка тројна камера и нов “Infinity” бесконечен екран, пристигнува во Македонија во средината на овој месец. Уредот ќе биде достапен во црна, сребрена и златна боја по препорачана продажна цена од 38.999 денари, кој сите овластени малопродажни партнери и кај телефонските оператори.

Галакси А80 го создадовме за таканаречената ’Ера на дигитално живеење’ – свет каде сите оние кои се дел од “дигиталната ера“, се поврзани и доловуваат и споделуваат интеракции во секој миг. Најновите иновации во камерата, дизајнот и перформансот на овој уред креираат ново мобилно искуство кое одговара на потребите на денешните генерации – секогаш  вклучени и секогаш подготвени.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh),Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и мобилни комуникации во Самсунг Електроникс.

За прв пат кај Галакси серијата уреди, Галакси А80 е опремен со револуционерна ротирачка тројна Самсунг камера која ги користи истите високо квалитетни леќи и за предна и за задна фотографија и овозможува непрекинато снимање. Галакси А80 овозможува креирање на светли и јасни  фотографии, без разлика дали е ден или ноќ, со помош на неговата главна камера од 48 мегапиксели. Со Ултра Широките Леќи со агол на гледање од 123 степени, корисникот може на лесен и едноставен начин да креира и сподели видео во живо кое ќе содржи сѐ она што тој го гледа. Опремен со 3Д Камера за длабочина, Галакси А80 овозможува снимање на омилените моменти со функции како “Live Focus“ за видео режим, што овозможува создавање снимки налик филм. Дополнително, со режимот за стабилизирано снимање на видео “Super Steady“ се намалуваат пречките и се создаваат видеа кои се речиси на професионално ниво.

Галакси А80 поседува прв Самсунг Нов Бесконечен Екран (New Infinity Display) – експанзивен, 6,7-инчен “FHD + Super AMOLED“ екран, со сооднос на прикажување од 20:9. Аудио-визуелното доживување, со користење на слушалки или Блутут звучници, сега е едно скалило повисоко со помош на Долби Атмос.

Уредот е опремен и со “Samsung Knox“ – безбедносната платформа на Самсунг на ниво на сигурносните критериуми на безбедносните служби. Заедно со “Samsung Pass“, сега корисниците можат сигурно и безбедно да пристапат кон апликации и веб-страници со помош на биометриска автентикација. Со помош на функцијата “Intelligent Performance Enhancer” на Галакси А80, уредот ќе работи повеќе, подобро, побрзо и подолго – кога и да е потребно. Софтверот за оптимизација на перформанси заснован на вештачка интелигенција ги максимизира капацитетите на батеријата, процесорот и РАМ меморијата, прилагодувајќи ја ефикасноста на Галакси А80 на секојдневните потреби и начини на употреба на корисникот.

За повеќе информации за Галакси А80, посетете ги страните: www.samsungmobilepress.com, www.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

Претходна статијаНаредната поголема надградба на Windows 10 нема да биде баш голема
Следна статијаWaymo од Google доби дозвола да пренесува патници во Калифорнија со нивниот автономен автомобил