intebrand-logos

Рангирањето на брендовите е направено од компанијата Interbrand која што излезе со својот извештај за 2015 година. Листата покажува дека компаниите кои што се во бизнисот со технологија, остануваат на врвот.

Ова се разбира не е воопшто чудно со оглед дека живееме во време кога технологијата активно се развива и станува или може да се каже и дека е станата дел од животот на секој човек.

На врвот на листата остануваат Apple и Google кои што бележат и значителен раст во вредноста на нивниот бренд. Apple е проценет дека вреди 170 милијарди долари што претставува раст од 70% од минатата година кога оваа компанија исто така беше на првото место.

Второ рангираната компанија, Google, исто така ја задржува својата позиција и има вредност на брендот од 120 милијарди долари со раст од 12% од минатата година.

Третото место го држи Coca-Cola и покажува дека сепак има место и за други компании покрај за технолошките. Вредноста на брендот на оваа компанија е проценет на 78 милијарди долари што претставува пад од 4%.

Четвртото место оваа година го добива Microsoft, а истото го презема од IBM кои што паѓаат на петтото. Вредноста на брендовите на овие компании е проценета на 67, односно 65 милијарди долари. Microsoft има раст од 11% во однос на минатата година, додека IBM има пад од 10%.

Наредните места до десеттото го вклучува следните компании:

  1. Toyota
  2. Samsung
  3. General Electric
  4. McDonalds
  5. Amazon

Вредноста на брендовите Interbrand ја оценува врз основа на финансиските резултати на компаниите, способноста на брендот да влијае врз одлуките на потрошувачите за купување и степенот до кој што можат да поддржат премиум цени.

interbrand-rankings

Целосната листа на светските брендови, односно нивното рангирање, можете да ја погледнете на следниот линк.

Извор: Interbrand, The Verge, NYTimes

Фото: Interbrand.com

Претходна статијаGoogle официјално стана дел од новата Alphabet компанија
Следна статијаЕлон Маск објаснува што мисли под „нуклеарен напад врз Марс“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.