Директорот на Google, а сега и на компанијата мајка Alphabet, за време на дебата ги истакна своите ставови за развојот на вештачката интелигенција од страна на компаниите. За разлика од одредени ситуации, во овој случај не се мисли на потенцијалните проблеми поврзани со научно фантастичните филмови, туку на нешто пореално и веќе достапно со технологијата.

Според него, компаниите кои развиваат вештачка интелигенција имаат сопствени правила за нејзината употреба, но тој смета дека тоа не е доволно и дека не може да се потпреме само на довербата во тие компании и нивното почитување на своите правила.

Пичаи истакнува дека државите треба да почнат да ја регулираат употребата на вештачката интелигенција, а со цел да нема пречки во нејзиниот развој и предностите кои ги донесува, тој смета дека постојните закони може да се прилагодат, наместо да се пишуваат целосно нови. Пример е GDPR законот во ЕУ кој е специјално развиен за зачувување на приватноста на граѓаните.

Грижата од немањето регулација на вештачката интелигенција според Пичаи е во можноста за се поголемо пуштање на лажирани слики и видеа, односно таканаречените „deepfakes“, па се до злоупотребата на вештачката интелигенција за препознавање на лицата во јавноста.

„Има вистински грижи за потенцијалните негативни последици од ВИ, од „deepfakes“ до злоупотреба на препознавањето на лицата. Иако веќе се работи на решавање на овие грижи, неизбежна е појавата на повеќе предизвици во иднина кои нема една компанија или индустрија која ќе може самата да ги реши.“ – истакнува Пичаи.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаКако до промена? Да ги избереме најдобрите за јавните претпријатија
Следна статијаСенатор од САД предложува закон со кој сопственоста на мобилен телефон на лица под 21 година би била нелегална
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.