Shutterstock.com

Основачите на Google повеќе години го намалуваа своето присуство во јавноста, па тој стил на работа може да се каже дека се официјализира кога ја направија компанијата Alphabet. Оваа компанија беше основана поради поголемиот број на бизниси кои станаа дел од Google, па логично тие беа издвоени како посебни компании и сега ставени под Alphabet, вклучувајќи ја и Google.

Лери Пејџ и Сергеј Брин останаа во Alphabet како директор и претседател на одборот на директори, но многу поретко можеше да се слушне за нив, а посебно откако директор на Google беше назначен Сундар Пичаи кој стана и лицето на оваа компанија.

Сега, во за доста луѓе не толку потег за изненадување, Лери Пејџ и Сергеј Брин ги напуштаат своите позиции во Alphabet како директор и претседател, а главната директорска позиција ќе му ја отстапат на Сундар Пичаи кој ќе продолжи да биде и директор на Google.

На овој начин може да се каже дека бизнисот на Google, како и останатите кои беа издвоени во посебни компании, повторно се враќаат под директорот на Google, иако ја задржуваат својата поголема независност од пред поделбата.

Одлуката ја објавија основачите на Google преку посебно писмо објавено на блогот од Google, а истото можете да го прочитате на овој линк.

Со изјава за новата состојба излезе и Сундар Пичаи преку неговиот Twitter профил.

Лери Пејџ и Сергеј Брин ќе продолжат да бидат дел од Alphabet како членови на одборот на директори, како основачи, но и како акционери. Тие најавија дека ќе продолжат да се сретнуваат со Пичаи за сите работи кои тие ги сметаат како важни за компаниите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаEscobar Fold 1 – Братот на Пабло Ескобар претстави телефон со екран кој се превиткува
Следна статијаОбјавени најдобрите апликации во App Store за 2019, според Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.