Дали некогаш би помислиле дека името Пабло Ескобар би го поврзале со нешто друго, освен со наркотици, убиства и криминал? Компанијата Ескобар Инк, основана лично од Пабло во 1984 година, преку која се вршеле нелегалните активности на фамилијата, го објави својот прв паметен телефон Escobar Fold 1.

Компанијата, по затворањето во 1992 година, повторно почна со работа во 2014 под водство на братот на Пабло, Роберто Ескобар. Ескобар Инк ги поседува сите права за брендот Ескобар.

Escobar Fold 1 е паметен телефон со екран кој се превиткува, директна конкуренција на Samsung Galaxy Fold и Huawei Mate X. Сепак, целта на Роберто не е да се натпреварува со Samsung, туку да го победи американскиот гигант Apple.

Според спецификациите објавени на веб сајтот на компанијата, уредот е опремен со 7.8 инчен FHD+ флексибилен дисплеј. На предната страна се наоѓа и модулот за камера со два сензори, од кои едниот е со резолуција од 16MP, а другиот 20MP.

Телефонот работи на Android 9 оперативен систем и го користи осум јадрениот Qualcomm Snapdragon 8 процесор. Претставени се две верзии. Едната доаѓа со 6GB рам, 128GB вградена меморија и чини 349 долари, додека, пак, поскапата верзија има 8GB рам, 512GB вградена меморија и чини 499 долари.

Телефонот може да се нарача онлајн преку нивната страна со бесплатна испорака ширум светот.

Претставувањето на телефонот е контроверзно, всушност исто како и фамилијата Ескобар. На сликите и видеото од рекламната кампања можат да се видат модели во долна облека, оружје и луксуз, нешто што не е типично во рекламите за ваков вид уреди.

ИЗВОРEscobar Inc
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаИмајте доверба, но потврдете: Дигиталната претпазливост им помага на родителите да ги заштитат децата од можни закани преку Интернет
Следна статијаОсновачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, ги оставаат лидерските позиции во Alphabet на директорот на Google Сундар Пичаи