Порталот Nextrift кој минатата недела ни прикажа слики од Pixel 4 XL, сега објави и видео во кое убаво го презентира уредот. Покрај изгледот на телефонот, од видеото можат да се видат неколку карактеристики кои ќе бидат специфични за Pixel 4, а посебно новиот систем за препознавање на лицето, како и контрола со гестикулации.
Иако повеќето познати модели се предмет на „протекување“ пред нивното официјално претставување, од лани Pixel уредите поради некоја причина држат рекорд во ова. Оваа година истото е повторно случајот, а може да се каже дека и уште повеќе.
Како и зошто се доаѓа до целите уреди, наместо само слики и информации, не е познато, па можеби Google треба подобро да ја направи контролата со своите производители.
Видеото е на почетокот од статијата и можете да го погледнете.