Google ги намалува трошоците на автономните автомобили

Напишано на 11.01.2017 - 13:51 од Смартпортал

Покрај развојот на технологијата, како и регулацијата во државите, цената на автономните возила е еден од најголемите фактори за тоа кога може да се очекува помасовно користење на овие автомобили. Сепак добри вести ни доаѓаат од светот на беспилотните возила. Имено Google, Alphabet и Waymo работат на намалувањето на трошоците на потребните елементи за производство на еден ваков автомобил, и за среќа тоа го прават успешно. Еден од најважните, можеби и најважниот елемент Lidar, е истовремено еден од најскапите. Само пред неколку години чинел цели 75.000 долари, а денес неговата цена е намалена за 90%.

Lidar е своевиден радар кој што е прикачен на кровот на автомобилот и кој што се врти и испушта ласери со цел создавање на мапа со висока резолуција од опкружувањето на самото возило. Намалувањето на цената на овој неопходен дел за автономните возила беше претставено на ауто шоуто во Детроит. Со ова се дава јасен сигнал дека во иднина оваа технологија ќе биде достапна за милиони луѓе во светот.

Сепак од овие компании најавуваат дека нема да престанат со намалувањето на трошоците, како на Lidar така и на сите други компоненти. Моменталната цена на еден Lidar е 7.500 долари и се работи на тоа таа се’ уште да се намалува. Waymo првично користеше сензори од компанијата Velodyne на нивнити прототипи. Во соработка со Fiat Chrysler Automobiles произведоа 100 Pacifica минибуси со цел тестирање на беспилотната технологија на патиштата во Аризона и Калифорнија. Сепак компанијата смени некои клучни планови во обид да се забрза користењето на оваа технологија во секојдневниот живот.

Извор; BusinessInsider, GlobalTimes

За Авторот