Бродот наречен Energy Observer ќе може да плови и да создава сопствено гориво истовремено. Овој брод ќе биде подготвен за испловување во мај оваа година. На него има инсталирано 130 метри квадратни соларни панели, две турбини на ветер и два електрични мотори. Инаку овој брод ќе користи водород како извор на енергија, а истиот ќе го добива со помош на соларните панели и турбините на ветер. Неговите креатори се одлучиле за водород како алтернативно гориво, поради тоа што вишокот на енергија може да се задржи, а неговата ефикасност е три пати поголема од фосилните горива.

Креатори на овој брод се истражувачот Jerome Delafosse, и професионалниот возач Victorien Erussard, во соработка со францускиот истражувачки CEA-LITEN. Бродот наместо батерии има резервоари за водород. Со неговите 30 тони тежина, може да се движи 3 пати побрзо од PlanetSolar, претходниот брод на соларна енергија кој што патувал низ светот.

Сепак Energy Observer ќе патува околу светот цели 6 години, за разлика од неговиот претходник кој тоа го направи за 1,5 година. Ова се должи на 101 попатна станица на која што треба да застане, со цел да го презентира потенцијалот на обновливата енергија насекаде низ светот. Оваа авантура се проценува дека ќе има трошок од 4 милиони евра годишно. Според Delafosse, технологијата која што се користи во овој брод, може да се користи и на многу други места, како што се домовите, автомобилите итн.

Инаку Energy Observer се смета за еквивалент на Solar Impulse 2, авионот кој го заобиколи светот користејќи исклучиво соларна енергија.

Извор: Wired, TheGuardian

Претходна статијаDisney Research развива моќно безжично полнење кое работи на поголеми далечини
Следна статијаТрка на автономни возила завршила со судар