F 03_Samsung Galaxy Note7

Литиум – јонските батерии се застапени во скоро секој електронски уред денес, но и во сите електрични автомобили. Причината за тоа е што држат многу повеќе електрицитет од претходните Ni-Mh батерии, траат подолго и немаат мемориски ефект на полнењето. Сепак, тие имаат и една „гадна“ навика, а тоа е да експлодираат при покачување на температурата и/или од механичко оштетување.

Поради ова, производителите на електрични возила секојдневно вршат истражувања на начинот на кој батериите се заштитени во случај на судир, со цел да ја намалат или целосно анулираат можноста за пожар или експлозија.

Исти истражувања се правата и со батериите кај паметните телефони, но и покрај тоа, досега сме сведоци на неколку отповикувања во сервис поради проблематични литиум – јонски батерии, како на пример отповикот на Dell и целата своја линија на лаптопи или пак отповикот на Nokia за „скоро“ целата линија на паметни телефони пред една деценија.

Како функционираат литиум – јонските батерии?
Сите батерии кои го нашле местото во некој автомобил или уред досега се хемиски батерии, односно користат хемиски реакции за да задржат или испуштат јони. Да, секоја батерија константно има хемиски реакции преку кои ја задржува или испушта струјата.

lithium_ion_battery

Хемискиот состав во овие батерии е всушност електролитот, односно тој ја задржува енергијата од полнењето и потоа ја испушта. Тој најчесто се состои од органска паста која е збогатена со метални соли – во овој случај со литиум, кој е еден од најлесните метали и кој лесно реагира со околината. Секоја батерија нормално има вградено катода, која ги држи позитивно наелектризираните јони и анода, која ги држи негативно наелектризираните јони.

Кога го полните уредот, струјата се движи од анодата, преку електричните кола на телефонот, кон катодата, додека при полнење процесот е обратен. При полнење, во процесот познат како „оскидациска редукција“ позитивно наполнетите електрони ги полнат слободните јони во литиумот се додека не се создаде доволен број на позитивни јони за да има проток на позитивна струја низ електролитската паста, кога престанува полнењето.

Зошто литиум-јонските батерии се опасни?
Причината зошто овие батерии се толку опасни е нивниот хемиски состав – тие се составени од електролитска паста и електролит, кој во овој случај е металот литиум. Литиумот многу лесно реагира со останатите елементи и поради тоа може да направи најразлични хемиски реакции, кои брзо можат да ја покачат температурата на батеријата.

640px-expanded_lithium-ion_polymer_battery_from_an_apple_iphone_3gs

Овие хемиски реакции можат да настанат со покачување на температурата – затоа производителите секогаш вградуваат заштита, која може дури и да го прекине полнењето на телефонот за тој да може да се олади, односно дури и целосно да го исклучи, но хемиските реакции можат да настанат и доколку има механички стрес на батеријата и нејзините компоненти дојдат во контакт со воздухот, односно кислородот. Затоа, за заштита од механички оштетувања, производителите се одлучуваат на поцврсти материјали за изработка на самата батерија и внимателно дизајнирање на компонентите.

Која е причината за самозапалувањето на батеријата во Note 7?
Според објаснувањето на Samsung, проблемот со батериите во Note 7 е што доаѓа до допир на катодата со анодата. Ова не е доволно добро објаснување за да ја знаеме вистинската причина, но доколку навистина доаѓа до допир на катодата со анодата, тоа може да придонесе за ненадејно покачување на температурата во батеријата, која предизвикува хемиска реакција меѓу литиумот и електролитската паста, која пак потоа дополнително ги покачува температурата и притисокот во самата батерија.

160902041639-samsung-galaxy-note-7-fire-front-780x439

Ова придонесува за набабрување на батеријата и потоа истекување на електролитската течност од батеријата, која е со многу висока температура над 200 степени. Самата течност не би требало да е запалива, но може многу лесно да запали други материјали кои доаѓаат во допир со неа, како на пример текстил или пак да направи тешки изгореници на кожата. Токму поради тоа Samsung советува да не ги користите телефонот – повредите можат да бидат прилично големи, а може да дојде и до многу поголема штета, зависно од тоа каде го користите телефонот.

Ќе повторам, доколку го поседувате овој телефон, веднаш престанете да го користите, однесете го на местото каде сте го купиле и побарајте нов.

Бидете претпазливи со секој уред со батерија
Ова треба да биде лекција и за сите останати телефони – никогаш не го оставајте телефонот на сонце и доколку е прегреан, оставете го да се олади пред да продолжите да го користите. Тоа најчесто се случува кога телефонот ви е ставен на полнач и во исто време го користите за некои потешки апликации, како на пример играње игри. Навистина, предупредувањата за користење на вашиот паметен телефон кои ги има во секое упатство, треба цело време да ги имате на ум. Последиците би можеле да бидат навистина големи!

samsung-galaxy-s6-edge-overheating-problems

Претходна статијаHTC најави два Desire 10 телефони, треба да пристигнат на 20 септември
Следна статијаSamsung пушти специјална надградба, со која батеријата на Note 7 ќе се полни до 60%