По падот на Windows Phone и Windows Mobile обидите на Microsoft на смартфон сцената, тие сега се вртат кон двете други платформи – Android и iOS. Всушност, во нов Insider Build (16251), тие им овозможуваат на корисниците на Android смартфон подлабоко поврзување во Windows 10 и можност за користење на многу заеднички функционалности, нешто што не е достапно ниту за корисниците на Windows 10 Mobile.

Имено, со новата Insider надградба, оние кои имаат Android смартфон ќе можат да почнат да прават нешто на својот паметен телефон, како на пример да сурфаат на некоја веб страна и потоа само со Share копчето да ја изберат Continue on PC апликацијата и истата веб страна веднаш ќе се прикаже на Windows 10 компјутерот. Оваа функционалност многу лесно би можела да се прилагоди и во други апликации, нормално доколку тие се поддржани на Windows 10.

Понатаму, Microsoft планира оваа функционалност да им ја овозможи и на корисниците на iPhone и iPad, а планира и зголемување на можностите, како на пример Copy-Paste од телефонот на компјутерот и обратно, што според мене би било исклучително корисно.

Во новата Windows 10 Insider Build 16251 надградба Microsoft направи и подобрувања во Cortana, која сега ќе може да прикаже побогати резултати без да треба да ги отвори во Edge прелистувачот, а ќе поддржува и команди како “Shut down my PC”, односно изгасни го компјутерот. Одлично за ноќите кога гледате филм и не ви се станува од кревет да го изгасите компјутерот кога ќе ве „фати дремка“.

Извор: The Verge, TechRadar, Engadget

Претходна статијаМакпетрол ги додели наградите од второто полуфинално коло од наградната игра „70 години Макпетрол“
Следна статијаFacebook сака да ве „шпионира“ преку предната (веб) камера