Android O, најновата верзија од оперативниот систем, според информации од Дејвид Рудок од Android Police, ќе биде пуштена порано од очекувањата. Поточно, новата верзија се очекува официјално да биде пуштена оваа есен, заедно со претставувањето на нови уреди од Google, како што тоа обично го прават.

Меѓутоа, Дејвид повикувајќи се на проверени извори, тврди дека Android O ќе стане достапен нешто порано, односно во август.

Ова се разбира на повеќето корисници нема да им направи некоја голема разлика, односно познатото време на чекање, како и малиот број на понови уреди кои ја добиваат надградбата остануваат.

Ова се добри вести само за корисниците на уредите од Google, коишто ќе можат да ја очекуваат надградбата порано, но надградба на O најавија и уште неколку производители, меѓу кои и Nokia за својот 6 модел.

Инаку, Android O треба да ги продолжи подобрувањата од Nougat, а посебно во делот за заштеда на батеријата, мултитаскинг со 2 апликации, системот за нотификации, безбедноста и повеќе.

Android O се’ уште не е официјално именуван, иако очекувањата се дека тој ќе биде наречен Oreo. Според некои, од Google намерно оставаат ова име да биде очекувано со цел на официјалното претставување да изненадат со некое друго.

Извор: IB Times, TechnoBuffalo

Претходна статијаБесплатна понуда од 6 месеци за дополнителни пакети на neoTV
Следна статијаOnePlus лансира видео од новиот знаменосец “5”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.