После претставувањето на првата официјална верзија наменета за програмерите во март, Google вчера ја претстави и бета верзија од новиот Android O. Истата е достапна како и обично за инсталирање на уредите со Google брендот, односно Nexus и Pixel, а за жал повеќето од нас нема да може да ја користат до купувањето на нов уред или до идната година доколку купите уред оваа година.

Бета верзијата може да се нарече е втора верзија наменета за програмерите и истата донесува низа на новини кои се концентрираат во донесување на подобро корисничко искуство. Промени во корисничкиот интерфејс нема поголеми, а и не може да се очекуваат. Сепак материјалниот дизајн е нешто што се’ уште функционира одлично и има време додека му се потребни промени, покрај повремените освежувања.

Новините презентирани во најновата верзија од Android O, Google ги подели во две категории:

Fluid experience, категорија на новини која се концентрира на подобрување на мултитаскинг искуството со нова слика-во-слика можност, нов систем за нотификации, автоматско пополнување на текст во апликациите и слично.

Втората категорија е наречена Vitals и истата се концентрира на подобрување на безбедноста и перформансите на системот, генерално подобрување на работата на системот, како и алатките за програмерите.

Извор: The Verge, VB, Phonedog

Претходна статијаМакпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствени и нови капацитети – отворена 126-тата бензинска станица
Следна статијаGoogle претстави очила за виртуелна реалност, кои работат без дополнителен смартфон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.