logo-text-hor-color

Со оглед на популарноста на оваа апликација, посебно во западните земји, до некаде е чудно што уште немаат воведено можност за аудио повици. Можеби за мене лично тоа не е нешто што е толку важно, но доколку се видат коментарите од корисниците, очигледно тие тоа го бараат. Сепак, не се оставени без таква можност, тука се Viber, Skype и уште неколку други кои што ја нудат оваа можност, а повеќето корисници имаат инсталирано повеќе од една ваква апликација на нивниот уред.

За можноста и WhatsApp да воведе аудио повици се пишува веќе подолго време, а од компанијата која што сега е во сопственост на Facebook, нема многу официјални информации околу тоа.

Пред официјално да биде пуштена функцијата, доколку тоа навистина се случи, денес можеме да видиме неколку слики на кои што е прикажано како тоа ќе изгледа на оваа апликација. Сликите се добиени од кодот кој што е достапен на посебна тест верзија од апликацијата, па во финалната верзија не мора да значи дека баш исто би изгледале.

Од сликите може да се види дека корисниците ќе можат да ги прават стандардните работи кои што обично се достапни при повици, односно да разговараат преку звучникот, да поврзат Bluetooth слушалка, да комбинираат и текстуални пораки и слично. На посебен екран ќе биде прикажана историјата на разговори со одреден контакт, како што тоа обично се прикажува за обичните мобилни разговори.

whatsapp-voice-sc

Од кодот кој што е прикажан во тест верзијата може да се види дека би требало да биде овозможено и снимање на разговорите, па нивно пуштање подоцна. Сепак, не се знае до каде е работата со воведувањето на оваа функција, а прашање е дали има време да биде пуштена официјално оваа година.

Извор: The Verge

Претходна статијаiPhone 6 Plus – Подобар од очекувањата
Следна статијаJaasta – E-Ink тастатура која ги менува копчињата според вашата потреба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.