design_hero_large

Кога викам подобар од очекувањата мислам на тоа што јас го очекував од овој телефон. Сепак не ги сакам многу овие поголеми телефони, па мислев дека едноставно ќе биде преголем за нормално користење, а тотално непогоден за носење во џеб.

Меѓутоа по негово користење и чепкање неколку дена, веќе сменив мислење. Првото нешто што најмногу ми остави впечаток е неговиот дизајн кој што е променет од досегашните модели, како и тоа колку е лесен. Иако се работи за телефон со голем екран, тој воопшто не е телефон кој што делува гломазен и огромен. Користењето на целосно алуминиумско тело со заоблени страни е одличен избор и за разлика од претходните модели, овој е многу поудобен за држење.

Екранот, нешто што секогаш е добра страна на Apple производите, е одличен и се на него изгледа чисто, со добро изразени бои. За оперативниот систем не би пишувал многу, сепак истиот е достапен и на другите модели. За Plus моделот единствено е карактеристично што тој поддржува вртење во landscape mode на главниот екран, по што работите се прилагодуваат за таа поставеност.

Работата со iPhone 6 Plus како што би очекувале е мазна, но ова е карактеристично за оперативниот систем кој што е навистина оптимизиран за работа на мал број на уреди. Останатото останува само на преференциите на самиот корисник дали сака да ја користи оваа или некој од другите конкурентни платформи.

Од не толку големото искуство на користење на Apple производи, повторно забележав колку побрзо и помазно функционираат работите за разлика од Android оперативниот систем. Споредба направивме на обично прегледување на мапи преку Google Maps, нешто што не може да помине без мало каснење дури и на Note 4 телефонот, а се разбира на iPhone работи безпрекорно.

Во продолжение можете да видите кратко претставување на iPhone 6 Plus, па да добиете претстава како тој изгледа, па полесно да се одлучите во случај да размислувате за вашиот следен телефон.

Претходна статијаAirbnb: Сите сме капиталисти во кооперативниот капитализам?!
Следна статијаWhatsApp поблиску до воведување на аудио повици ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.