Skype не е првата апликација за мобилните телефони која добива „полесна“, односно Lite верзија, а тоа веќе го имаат направено некои од најмногу користените апликации. Lite верзиите обично се наменети за земјите во развој каде што корисниците обично користат послаби паметни телефони на не толку добро развиена мобилна мрежа со послаб мобилен интернет.
Skype Lite ја има истата намена, меѓутоа специјално е претставен во Индија за индиските корисници. Нема информации дали оваа верзија би станала достапна и во други земји, меѓутоа може слободно да се каже дека на корисниците од нашата земја, не би им била потребна.
Индија исто така е голем таргет пазар на Microsoft, како земја со голем број на жители која е во развој.
Како што би се очекувало, Skype Lite е направена да биде поедноставна од главната апликација, односно зафаќа само 13 мегабајти. Соодветно, исклучени се или поедноставени голем дел елементите на графичкиот интерфејс, како и достапните функции.
Апликацијата исто така е направена да функционира на послабите мобилни мрежи, па корисниците би требало да добијат одлично Skype искуство во земјите како Индија.
Апликацијата ќе биде достапна само за Android оперативниот систем на Play Store.