instagram-win-10-desktop

Facebook, во чија сопственост е Instagram, најави дека ќе ја подржува Windows 10 платформата пред повеќе од една година. Тие останаа на својот збор, меѓутоа нешто побавно од тоа што корисниците се надеваа.

По претставувањето на Instagram апликацијата за мобилната верзија од Windows 10, од овој месец апликацијата конечно е достапна и за десктоп и таблет компјутерите. Се работи за универзална апликација, односно апликација која работи на сите видови на Windows 10 уреди, барем со тек на време.

Со оглед на фактот дека се работи за универзална апликација, не чуди фактот што таа е иста како на мобилните телефони. Направено е минимално прилагодување да истата може да функционира на поголемите екрани, меѓутоа сите што ја имаат и користат апликацијата на нивните мобилни, потполно истото искуство може да го очекуваат отсега и на нивниот десктоп компјутер.

Предноста на тоа да се има одредена мобилна апликација и на десктоп или таблет компјутерите е што корисниците сепак се’ уште ги користат овие уреди секојдневно. Потребата да за одредени работи секогаш мора да се земе мобилниот телефон, кога веќе се седи и работи на компјутер, може да биде непотребна активност.

На овој начин, кога работите на вашиот компјутер, веќе не мора да го зимате вашиот телефон доколку сакате да видите што се случува на Instagram.

Тука се разбира треба да се истакне и предноста на известувањата кои се дел од сите таканаречени модерни апликации во Windows 10, па корисниците добиваат целосна независност од нивниот мобилен телефон.

Instagram за Windows 10 е достапна во продавницата за апликации, односно преку следниот линк.

Претходна статијаFacebook тестира предлози на теми за разговор во Messenger
Следна статијаSirius A е супер мал компјутер со десктоп Windows 10 оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.