HonourOfKings
HonourOfKings
Фото: Bloomberg

21 годишна девојка од Кина делумно го загубила видот како последица од непрекинато гледање во екранот на својот паметен телефон. Извесната Ву Зиаојинг е посветен фан на популарната игра Honour of Kings и истата ја играла непрекинато речиси цел ден. Како директна последица од тоа таа го оштетила видот на десното око.

Во болницата каде оваа девојка била примена и било дијагностицирана оклузија (стеснување/затворање) на мрежничната артерија на десното око. Ваквата дијагноза е честа појава кај постари пациенти и не се исклучува можноста за комплетно губење на видот. Иронијата на целата приказна е што повредената и понатаму го држи во рака својот паметен телефон, на фотографијата направена откако била примена во болница.

девојка
Фото: Weibo

Пациентката им признала на лекарите дека често се случувало играта да ја игра со часови без прекин. Обично, таа поминувала по 8 часа во играње, меѓутоа конкретниот ден кога го оштетила видот играта ја играла целиот ден.

Очните специјалисти од болницата во Наншенг каде пациентката била згрижена се сигурни дека до оштетувањето дошло поради претерано изложување на окото на зрачење од екранот. Меѓутоа не сите стручњаци се согласни по ова прашање.

Инаку, играта спаѓа помеѓу најпопуларните игри за паметни телефони во Кина и има околу 200 милиони корисници. Компанијата која стои зад популарната игра, претходно имала поставено временско ограничување за деца до 12 години, со цел да не се создаде зависност.

Извори: Mashable, DailyMail

Претходна статијаВо Талин потпишана декларација за е-валда во рамките на ЕУ
Следна статијаMicrosoft конечно потврди дека Windows 10 Mobile е мртва платформа