Сведочиме постојан раст на мобилните професионалци на глобално ниво. Растот на процентот на фриленсерите може да се протолкува како логична последица на развојот на глобализацијата и технологијата, односно како една нус појава која има и добри и лоши страни. Во моментов, на глобално ниво се проценува дека 40% од работната сила е мобилна, односно фриленсерска, а анализите укажуваат дека многу брзо процентот на фриленсери во глобалната економија ќе биде 50%.

Најголем процент од оваа група се професионалци од ИТ индустријата. Протолкувано поинаку, ова значи дека половина од глобалните човечки ресурси ќе работат од дома, од креативни заеднички работни простории, бизнис инкубатори, кафулиња и слично. Добрата страна на фриленсингот е мобилноста и достапноста на човечки ресурси во секое време од секое место на светот, додека негативната страна е што работодавците тежнеат кон градење на корпоративна култура како стожер на бизнисот на која се заснова и дигиталната комуникациска култура, која пак без физичко присуство на тимот е невозможна.

За среќа, постои начин, лидерите сепак да изградат силна корпоративна култура, и покрај локациската дисперзираност на тимовите. Тоа е единствено возможно со беспрекорна компјутерска опрема, со добра конфигурација, одличен екран и останати спецификации за ефикасно работење. Вложувањата на глобалниот технолошки гигант DELL совршено го адресираат токму овој тренд, овозможувајќи леснотија во движењата на фриленсерите со користење на нивната технологија  со што е овозможен одличен систем за контрола и комуникација на работодавецот.

Проактивната и интензивна комуникација независно на локацијата е целосно овозможена од серијата на лаптопи на Dell XPS кои важат за едни од најбраните лаптопи на светскиот пазар.

Сите модели на DELL XPS, Inspiron, Alienware се достапни преку трговската мрежа на ИТД Дистрибуција.

Претходна статијаMicrosoft спрема таблет со дисплеј кој може да се превитка?
Следна статијаIntel Optane 900P се ултра брзи SSD дискови за десктоп компјутерите