457253-hands-on-windows-10-for-phones

И покрај тоа што многу „стручни“ новинари од областа проценија дека Microsoft ќе ја изгасне “Mobile” дивизијата, односно Windows 10 Mobile оваа година, од гигантот стигна демант на тоа – тие ќе продолжат да ја развиваат платформата, со агресивен настап од 2017 година, кога може да се очекуваат и неколку нови модели.

Ова доаѓа директно од Тери Маерсон, кој е претседател на дивизијата за уреди во Microsoft. Тој во мејл пратен до директори во компанијата, но и многу андворешни партнери, нагласува дека Microsoft ќе продолжи да вложува во “Mobile” сегментот уште многу години, што значи дека Windows 10 Mobile ќе остане на пазарот како конкурент на iOS и Android.

Сепак, за разлика од порано, сега многу поголемо внимание е посветено на надворешните партнери, односно производители на паметни телефони, па затоа и ќе биде укината Lumia линијата преземена од Nokia, која буквално владееше во Windows Phone сферата и не дозволи успех на останатите производители.

Исто така, Маерсон вети дека моделите кои сега имаат Windows 10 Mobile ќе добиваат уште многу надградби во иднина, што е и една од силните страни на овој еко систем – многу Android на пример ретко добиваат надградба на понова верзија. Првата поголема надградба Redstone 1 би требала да пристигне на средината од оваа година.

Потврдата дека Microsoft ќе продолжи да вложува во Windows 10 Mobile е одлична најава и за Surface Phone, телефонот кој ќе може да се користи како компјутер и кој веројатно ќе може да пушта стандардни Win32 програми. Според информациите, овој модел би требало да пристигне на пролет наредната година, заедно со Redstone 2 надградбата која ќе донесе значителни подобрувања во оперативниот систем.

Според сето ова, Windows 10 Mobile во иднина веројатно ќе биде повеќе насочен кон бизнис сегментот и ќе биде веројатно првиот оперативен систем кој ќе направи мост меѓу паметните телефони и персоналните компјутери. Поточно, како што најави Сатја Надела, Microsoft сака во иднина  Windows 10 компјутерите да бидат во џебот на корисниците.

Извор: Windows Central, GSM Arena, The Verge

Претходна статијаПродажбата на компјутери во првото тримесечје од 2016 најниска во последниве 9 години
Следна статијаMove It – паметна домашна вежбална со која нема да забушавате