Verily_logo

Тимот од Google кој што работеше на развојот на паметните контакти леќи кои што преку солзите го следат нивото на гликоза во крвта, сега како посебна компанија добија ново официјално име. Во рамки на Google досега нарекувани Google Life Science, посебната компанија ќе го носи името Verily Life Science.

Verily е стар англиски збор кој што во превод би значел вистина, вистински, навистина и слично (“truly”, “certainly”).

Verily ќе функционира како посебна компанија, односно веќе нема да биде дел од Google. Компанијата е дел од поголемата Alphabet кој што беше основана од страна на Google, како една поголема холдинг компанија во која што ќе влезат сите различни бизниси кои што се проширија во многу повеќе области од почетниот бизнис на интернет пребарување.

Идејата зад основањето на Alphabet доаѓа до израз токму со примерот на Verily. Претходно само дел од компанија која што работи на голем дел и различни проекти, сега како посебна компанија со посебен директор и буџет, ќе може независно да се развива. Тоа ќе и овозможи на компанијата да се развива согласно нејзините потреби, не мешајќи се со Google Search, Android и слични други бизниси.

hardware-tall_1x

Инаку, покрај развојот на леќите за дијабетичари, Verily работи во повеќе области поврзани со медицината. Нивната цел е развој на технологии кои што ќе помогнат во наоѓањето на лек или следењето на повеќе видови на болести кај човекот.

Во тоа спаѓаат истражувања поврзани со канцер, кардиоваскуларни заболувања, но и истражувања поврзани со менталното здравје.

Како компанија која што произлезе од Google, главна алатка и цел во истражувањата ќе биде технологијата, односно нејзиниот развој до степен каде што ќе може значително да се помага на биолошкиот дел.

Извор: TNW, STAT, Verily

Претходна статијаТест патеката за Hyperloop во Невада почнува да се гради – Еве како ќе изгледа
Следна статијаGoogle Safe Browsing достапен на Android – Chrome е првата апликација која што ќе го користи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.