dsui3g2mqucltmzib4zg

Од предлог-концепт до тест реализација за две години – Елон Маск изгледа го постигна сонот. Неговиот Hyperloop проект наскоро ќе го види светлото на денот и тоа од две паралелни, неповрзани групи кои работат на него. Воедно и самиот Маск изјави дека ќе гради тест пруга за проектот.

Едната од компаниите ќе гради тест патека во пустината Невада, а конечно пристигнуваат некои детали околу тоа како таа ќе изгледа и функционира. Патеката/пругата ќе биде изградена на отворен воздух, односно нема да биде направена вакуум околина. Оригинално, концептот на Маск е за кабини кои патуваат во (скоро) вакуум-цевки, но тука тестирањата ќе се оддржат без овој елемент за да се тестираат разни проблеми и способности на опремата.

Тест-возилата (кабините) ќе бидат натерани да постигнат максимална брзина од дури 540 км/ч на далечина од само 1,8 км, што е навистина огромна брзина имајќи предвид дека треба да ја постигнат за само 2 секунди. Впрочем, можете да видите како тоа се’ ќе функционира на видеото погоре. Оваа тест патека треба да биде завршена во 2016 кога и ќе почне со тестови.

Инаку, Hyperloop во оригиналната замисла има неколку карактеристики кои го прават изведлив:

  • Се работи за затворени кабини кои патуваат низ (скоро) вакуум. Ова го намалува отпорот на воздухот до скоро непостоечки, што овозможува постигнување огромни брзини со значително помалку потрошена енергија;
  • забрзувањето и забавувањето до максималната брзина ќе биде изведено постепено како во авион, па нема да има потешкотии за патниците при патувањето;
  • се’ уште никој не понудил вистинско решение во случај да е потребно безбедносно сопирање. За среќа, цевките во кои ќе биде направен ќе бидат генерално прави, изолирани и супербезбедни, што ќе го доведе потенцијалниот ризик на многу мал процент.

Извор: Gizmodo, Gizmodo 2

Претходна статијаШприц со мали сунѓерчиња одобрен за користење за итно затворање на рани
Следна статијаVerily – Ново име за Google Life Science во рамки на новата Alphabet