note-7-gta-v

Samsung мораше целосно да го прекине производството на Galaxy Note 7 поради проблемите со батеријата кои предизвикуваа истата да се запали. Можеби бројот на вакви случаи не беше огромен, меѓутоа во доволно голема бројка за да се направи штетата по угледот на производот и компанијата.

Не помина многу време, па интернет заедницата очекувано направи шега на сметка на телефонот, креирајќи посебен мод во познатата игра GTA V каде Note 7 се користи како бомба.

Видеото нормално стана многу познато, па од Samsung не им се допадна да негативниот публицитет продолжи на нивна сметка.

Затоа од таму решаваат да поднесат барање за симнување на YouTube видеото каде беше прикажано играњето на играта со Note 7 како бомба. Истото веќе не може да се гледа, меѓутоа како и секогаш на интернет, кога една работа ќе биде тргната, излегуваат многу повеќе на нејзино место.

Зошто од Samsung се решаваат на ваков потег кој само дополнително им носи негативни поени, не ни е јасно. Исто така, тие сигурно знаеле дека од интернет ништо не може да биде тргнато, а кој ќе се обиде да направи нешто такво, обично е „казнет“ со излегување на повеќе работи од тоа што било цел на тргањето.

Извор: Engadget, The Verge

Претходна статијаZetta е шпанска компанија која фалсификувала смартфони од Xiaomi?
Следна статијаНа Технома одржано финалето од натпреварот за стартап компании Get in the Ring 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.