Одамна немаме напишано за тоа до каде е изградбата на новото седиште на Apple, знаете она коешто го направија да личи на вселенска чинија. Сепак, не би очекувале ништо поразлично од компанија каква што е Apple, па ова нивно ново седиште само покажува зошто тие се една од највредните компании во светот.

За разлика од минатата статија кога зградата се’ уште беше во изградба, сега може да се види дека истата е скоро и завршена. Работата сега во главно е насочена кон уредување на околината, па може да се види огромната бројка на дрвја која се сади, нешто обратно од процесот во нашиот град.

Но, да не должиме многу, во продолжение можете да ја погледнете најновата снимка и самите да видите како изгледа ова чудо од место за работа каде што сигурно сите од нас би сакале да работиме.

Претходна статијаLenovo покажа таблет кој може да се свитка и претвори во смартфон
Следна статијаMicrosoft го прекинува развојот на старата и позната Paint апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.