Многумина очекуваат дека првиот таблет/смартфон со дисплеј кој може да се свитка ќе биде претставен од Samsung или пак од Microsoft (митскиот Surface Phone), но по се што видовме досега, Lenovo ја има доведено оваа технологија најблизу со сериско производство.

Имено, тие сега извадија ново видео од таблет кој ќе може да се свитка на половина и потоа да се користи како паметен телефон. Оваа идеја не е воопшто нова – циркулира низ интернет мрежата веќе неколку години како можен дизајн за евентуалниот Microsoft Surface Phone, односно за Galaxy S уредите од иднината на Samsung. Lenovo уредот го претстави на сопствениот настан Lenovo Tech World.

Со овој уред, би можеле да имате голем таблет за гледање мултимедијални содржини, дури и со можност за користење како лаптоп со поврзување на дополнителна тастатура, кој ќе може да го ставите во вашиот џеб и да го користите со една рака кога е склопен, како и секој друг смартфон на планетава.

Единственот нешто што треба да се одлучи тука е кој оперативен систем ќе се користи – Android и iOS можеби се најдобро смартфон/таблет решение, но се многу ограничени кога ќе се поврзат со надворешна тастатура, а одлуката на Lenovo е токму Android, а не на пример Windows 10.

Како и да е, можноста да имаме еден уред за се што правиме во нашите животи делува исклучително интересна и јас би сакал што побрзо да ги видам ваквите геџети на пазарот.

Сепак, иако технологијата е тука, нејзиното усовршување може да потрае, бидејќи сигурно не би сакале да имате уред на кој ќе му се расипе дисплејот после 100-тина виткања/одвиткувања, нели?

Извор: Windows Central, Android Central, MS Power User

Претходна статијаFacebook има патент за модуларен уред
Следна статијаНајнови дрон снимки од новото седиште на Apple