Дури 92% од корисниците на iPhone планираат повторно да купат нов iPhone

Напишано на 19.05.2017 - 17:41 од Мишо Лекиќ

Се работи се истражување направено од страна на компанијата Morgan Stanley во САД, па не би знаеле дали овие бројки ја отсликуваат ситуацијата во нашата земја, но е добар показател сепак за вредноста на брендот Apple.

Според нивното истражување, дури 92% од моменталните корисници на iPhone планираат повторно да купат нов iPhone во наредните 12 месеци. Ова е одличен процент и од компанијата го имаат надминато само еднаш до сега кога имале 93%.

Она што е интересно во резултатите од истражувањето е колку Apple се пред своите конкуренти, односно не се работи само за неколку проценти.

Нареден на листата е очекувано Samsung, меѓутоа „само“ 77% од нивните корисници планираат повторно да купат некој од Samsung смартфоните.

Останатите производители имаат уште помал процент на задржување на корисниците, односно LG 59% и Motorola 56%.

Овие бројки покажуваат колку корисниците на Apple се задоволни од производите, а тоа воопшто не е чудно кога ќе се земе во предвид и маркетинг напорот којшто е карактеристичен за компанијата, како и угледот што го има кај купувачите.

Извор: Cnet

За Авторот

Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.