Samsung се очекува да го претстави овогодинешниот Galaxy Note модел, односно Note 8, во август. Оваа информација се’ уште не е потврдена од страна на компанијата, меѓутоа како што е обичајот веќе со години, ваквите информации ги добиваме од неофицијалните „муабети“ кои се вртат по интернет.

Според информациите коишто можевме да ги прочитаме досега, Note 8 треба да биде исклучително добро дизајниран телефон, како што е случајот со Galaxy S8 моделите. Тоа значи дека тој ќе дојде со одличниот Infinity екран кој скоро и да нема рамка околу, како и со најновите достапни компоненти како Snapdragon 835, односно Exynos 8895, 6GB RAM меморија, 6,3 инчен Super AMOLED екран со 18,5:9 сооднос и слично.

Од порталот BGR тврдат дека имаат дојдено до слика, поточно 3D CAD цртеж од задниот дел на Note 8. Цртежот е добиен од страна на сигурни, според порталот, извори директно од фабриката каде што треба да се произведува уредот.

Од цртежот може да се види една работа која што корисниците се надеваа дека ќе биде „исправена“ во Note 8, а тоа е поставеноста на сензорот за отпечатоци за прсти.

Тој, исто како кај Galaxy S8 моделите, очигледно повторно ќе биде поставен на задната страна од уредот и тоа повторно до камерата. Ова е нешто за коешто инаку одличниот S8 добива одредени критики.

Очекувањата на корисниците се дека конечно ќе видат уред со сензор за отпечатоци поставен под стаклото на предната страна, но изгледа дека технологијата за тоа не е се’ уште доволно развиена.

Иако останува време до официјалното претставување да видиме каков навистина ќе биде уредот, искуството овие години покажа дека неофицијалните информации во голем процент се покажуваат точни, па можеме да веруваме дека веќе ги имаме скоро сите информации за Note 8.

Извор: TechnoBuffalo, BGR

Претходна статијаИзгор температури и сообраќајниот метеж
Следна статијаВидео серијал Samsung Galaxy S8+: Отпакување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.