Денес, за скоро секој малку повеќе популарен производ протекуваат информации пред да биде лансиран, било дали се работи за неговите спецификации, можности или пак фотографии. Сега протече и датумот кога Samsung треба да го претстави Galaxy Note 8, моделот кој ќе ја има една од најважните задачи во поновата историја на производителот и кој најверојатно ќе биде претставен на 26 август.

Ова е малку подоцна отколку што беше случајот со Galaxy Note 7, моделот кој буквално се самозапалуваше, но тоа е сигурно со причина да не се случи повторно таков дебакл. Покрај тоа, со претставувањето на Note 8 кон крајот на месецот, Samsung би можел да одземе повеќе насловни страни од претставувањето на iPhone 8 на Apple, кој веројатно ќе биде покажан во септември.

Засега нема сигурни информации како ќе изгледа Note 8, но би можеле да погодиме дека ќе има минимална рамка во горниот и долниот дел и Edge дисплеј на страните. Покрај тоа, се очекува да биде опремен со моќни компоненти, како на пример подобрениот Snapdragon 836 со 6 или 8 GB рам меморија, а назад се очекуваат и две камери. Сѐ уште е рано да се каже дали и читачот за отпечатоци на прстите ќе биде вграден во самиот дисплеј, со што би бил прв во светот или пак во задниот дел под двојната камера.

Извор: TechnoBuffalo, BGR, CNET

Претходна статијаВодоводџија креирал слушалки кои можат да преведуваат 8 јазици во живо
Следна статијаSurface Laptop е потежок за поправка од MacBook