Веќе неколку пати пишувавме за смартфоните на преклоп кои се популарни во Кина и Јужна Кореја и Samsung, кој веќе има неколку вакви модели во портфолиото, планира да лансира нов модел во матичната земја. Сепак, како и досега, овој модел нема да можеме да го купиме кај нас, што според мене е вистинска штета зошто мислам дека би можел да биде вистински популарен, особено поради тоа што ќе биде различен од сите останати смартфони.

Самиот смартфон е прилично интересен бидејќи има два OLED дисплеи со големина од 4,2 инчи, што значи дека можете да го користите целсно затворен со еден дисплеј, исто како и сите остсанати смартфони во светот. Сепак, откако ќе го отворите тој функционира како мобилните телефони на преклоп од минатото, со нумеричка тастатура во долниот дел.

Останатите спецификации не се ништо особено – процесорот е Snapdragon 430, батеријата има 2.300 mAh, задната камера има 12 мегапиксели, предната има 5 мегапиксели, а како добар бонус вградено е и безжично полнење. Од друга страна телефонот има IP68 заштита, што значи дека без проблем ќе можете да го однесете на плажа со вас, исто како што е случај и со Galaxy S и Galaxy Note серијата.

Засега не е позната цената на Galaxy Folder во Јужна Кореја, но очекувајте да биде прилично висока – овој смартфон сепак има два OLED дисплеи.

Извор: TechnoBuffalo, TechRadar, CNET

Претходна статијаIntel спрема супер моќни Core i9 чипови
Следна статијаGalaxy Note 9 ќе биде тенок скоро како лист хартија?