Obi phone side-650-80 - Copy

Многумина веројатно не знаат, но Стив Џобс не беше во Apple од 1985 до 1993, кога главен беше Џон Скали. Токму овој човек направи нова компанија за производство на паметни телефони, која ќе прави уреди специјално наменети за пазарите во развој.

Брендот ќе се вика Obi Worldphone и првите два телефони со ова име ќе бидат од средната класа. И двата модели имаат екрани со големина од 5 инчи, но подобриот модел SF1 има резолуција од 1920х1080 пиксели, додека поевтиниот SJ 1.5 има резолуција од 1280х720 пиксели.

ObiWorldphone_SF1_01 - Copy

Има разлика и во процесорите, па така SF1 доаѓа со Snapdragon 615, помогнат од 2 GB рам меморија, додека послабиот ќе има MediaTek процесор со четири јадра и 1 GB рам. Двата модели ќе бидат опремени со 16 GB простор за складирање податоци.

Главниот збор кај овие телефони сепак го има дизајнот, или барем така вели основачот Скали. Тој е дело на Ammunition, дизајнерска компанија од Сан Франциско, која претходно ги дизајнираше и слушалките на Beats. И не само однадвор, туку и скинот кој е ставен врз Android Lollipop е направен така да изгледа поубаво, со поминималистички дизајн.

Obi phone-970-80

И покрај модерниот дизајн, реално, сите овие спецификации не се ништо ново на Android сцената, но цената на телефоните секако дека ќе ги привлече купувачите со поплиток џеб – SF1 чини 199 долари, додека SJ 1.5 чини само 129 долари.

Извор: The Verge, Tech Radar, Engadget

Претходна статијаОва се новите Microsoft Lumia 950 и 950 XL!
Следна статија3Д испечатени роботчиња „микрориби“ кои ќе се борат против отрови