galaxy-s7-bilboard

Поголемиот дел на Android производители не пропуштија да го „истролаат“ Apple по социјалните мрежи за недостатокот за излез за слушалки на iPhone 7, но сега веројатно и Samsung ќе го направи истото со нивниот нов знаменосец. Покрај тоа, Galaxy S8 ќе нема ниту хардверско Home копче, односно тоа ќе биде заменето со виртуелни копчиња.

Според SamMobile, читачот за отпечатоци на прсти веројатно ќе биде вграден во самиот дисплеј и тоа ќе биде првиот таков скенер во светот. Корисникот ќе треба само да го стави прстот на дисплејот и отпечатокот ќе биде препознаен. Дисплејот пак ќе има Quad HD резолуција, односно 2560х1440 пиксели и покрај најавите дека Samsung е спремен да лансира телефон со 4K дисплеј.

Со тргнувањето на излезот на слушалки, Samsung пак целосно ќе премине на USB Type-C стандардот, кој ќе овозможи побрзо полнење на батеријата и побрз трансфер на податоци. Како и Apple, Samsung веројатно со телефонот ќе испорачува и „адаптер“ кој ќе се приклучува во USB Type-C излезот а на него ќе може да се вклучат стандардни 3,5 mm слушалки.

Ова многу лесно би можело и да ги разбесни купувачите низ светот, кои Galaxy S7 го гледаа како алтернатива на iPhone 7 кога е во прашање излезот за слушалки. Дали и Samsung ќе помине како Apple и ќе изгуби одреден процент на верни корисници, останува да видиме – Galaxy S8 најверојатно ќе биде лансиран во Март или Април наредната година, иако прво се најавуваше дека тоа ќе се случи во Февруари. Причината е веројатно да се избегне дебакл каков што имаше Note 7.

Извор: Techno Buffalo, Engadget, Android Central

Претходна статијаHonda NeuV е електричен концепт кој може да прикажува сопствени емоции
Следна статијаMeizu M5 Note има 5,5 инчен дисплеј, 4.000 mAh батерија и многу ниска цена