Имате iPhone и сте помислиле поради било каква причина дека сакате да имате Android на него? Сега тоа го можете со “Eye” футролата за iPhone, која има цел Android смартфон вграден во неа.

Причини зошто некој би сакал вакво решение може да има многу, но најчесто се работи за потреба од два смартфони. Кога веќе имате два смартфони во себе, зошто тие да не бидат залепени еден за друг и зошто да не бидат различни еко системи? “Eye” можеби делува како Франкенштајн од пренослив уред, но за некого може да биде корисен.

Една од предностите на оваа футрола е што има 3,5 mm излез за слушалки, кој како што знаеме недостасува во iPhone 7 и 7 Plus, како и безжично полнење. Покрај тоа, овој телефон има и простор за две сим картички, што значи дека би имале вкупно три доколку го вградите на вашиот iPhone 7. Дисплејот на телефонот пак има големина од 5 инчи – интересно и е AMOLED.

“Eye” е Kickstarter кампања и за оние кои ќе ја поддржат, компанијата бара 95 долари за модел без 4G, односно 125 долари за модел со 4G. Засега нема детални спецификации за вградениот процесор, но според цената, не очекувајте којзнае какви перформанси. Всушност, споредено со смартфонот на кој ќе ја ставите оваа футрола, перформансите можат да бидат и разочарувачки.

Извор: The Verge, Kickstarter, Mac Rumors

Претходна статијаПознати кодните имиња за новите Pixel 2 смартфони на Google
Следна статијаIntel го купува Mobileye за 15 милијарди долари