stack-930x436

Еден од најголемите производители на лаптопи и компјутери во светот веќе подолго време работел на импресивен Windows 10 телефон со Intel лаптоп процесор, кој ќе може да се користи како единствениот компјутер на корисникот, преку можноста да се поврзе со најразлични надворешни монитори.

Dell всушност сакал да направи цел еко систем на придружни уреди наречен Stack, кои телефонот односно таблетот ќе го направат централна компјутерска единица. Идејата е импресивна бидејќи ќе им овозможи на бизнис корисниците да го носат само телефонот со себе, односно целосно да го исфрлат лаптопот од употреба.

cwb4xfexeaa56r2

Телефонот би имал Intel Atom процесор, кој ќе работи различно зависно од тоа дали го напојува само телефонот или се користи како компјутерска единица за работење на поголем дисплеј. Во првиот случај процесорот работи на 3,5 вати, што и натаму се доволно перформанси за мобилен оперативен систем, но во случај на поврзување со надворешен монитор и на посебната станица тој работи на 12 вати, како лаптоп процесорите кога се приклучени на полнење, што би било многу важно за работење на целосен десктоп оперативен систем.

Доколку би бил лансиран денес, телефонот би можел да се испорачува со Core i3,5 или 7 процесор од Kaby Lake генерацијата и тоа штедливите Y верзии, кои не трошат многу повеќе енергија од Atom процесорите. Исто така, тој би имал 4 или 8 GB рам и капацитет од 128 или 256 GB. Дисплејот на концептот има големина од 6,4 инчи, што е малку преголемо за телефон, но ова е сепак уред кој би можел да го замени вашиот лаптоп.

cwdiys5weaegu7f-1024x774

Телефонот инаку има вграден Windows 10 оперативен систем и кога се приклучува со надворешни ја користи “Continuum” можноста за да се префрли од мобилен во десктоп кориснички интерфејс. Секако, на него без проблем би можеле да се приклучат жични или безжични маус и тастатура и да се работи како на вистински десктоп компјутер, а бидејќи има Intel процесор не би имал проблем и со работење со стандардни Win32 програми.

Но, иако во напредна фаза на развој, овој уред не го здогледа светлото на денот, за што причина би можело да биде откажувањето на Intel Atom процесорите, односно нивниот исклучително бавен развој. Од друга страна, Intel Kaby Lake процесорите би имале превисока цена за еден ваков уред и проблем би можел да биде и нивното ладење.

Како и да е, ова е конечно еден концепт со Windows 10 телефон кој би сакал да се исполни. Можноста да го заменам лаптопот со уред кој ќе можам да го носам во џебот е исклучително примамлива и се надевам дека брзо ќе се исполни, ако не од Dell, можеби од Microsoft со Surface Phone или пак некој друг производител… На крај, не е ниту важно од кого ќе биде произведен телефонот – ваков уред е потребен на пазарот.

Извор: Venture Beat, Tech Times, Thurrott

Претходна статијаЛампите се враќаат – наскоро од нив ќе се изработуваат супер брзи процесори?
Следна статијаFacebook работи на нов смартфон кој може ќе биде модуларен?